Маскиран маж со нож се обидел да нападне и ограби тинејџер кој вадел пари од банкомат. 45 годишниот маж кој носел капа и шал на лицето со нож го нападнал 17 годишното момче, не знаејќи дека тој му е син.
Инцидентот се случил во Кранхил, предградие во Глазгов, пренесе „Би-би-си“. Тинејџерот кој бил во блзина на неговиот дом, пред да биде нападнат, отишол до банкоматот да подигне 10 фунти. Шерифот Ендрју Каби, рече дека таткото бил осуден на 26 месеци затвор.
Рече дека станува збор за неверојатен сплет на околности. Обвинителката Кери Стивенс рече дека тинејџерот кога ја ставил картичката во џебот и земал пари од банкоматот, почувствувал притисок од лецата страна.
„Бил прикован за ѕидот. Момчето почувствувало голем кујнски нож на неговото лице. Тогаш разбојникот му рекол да му ги даде парите. Момчето по гласот го препознало татко му и го прашало, дали е сериозен, дали знае кого нападнал. Таткото во паника се извинил и му објаснил дека очајно му требале пари.
Момчето потоа дома ја раскажало целата случка по што веднаш била повикана полиција, а таткото бил уапсен. Тој се правдал дека не знаел дека го ограбува синот, но ја признал вината и се согласил да ја отслужи заслужената затворска казна.