Граѓани од Црна Гора добиле шуга, откако носеле облека од „Зара“

Граѓани од Црна Гора добиле шуга, откако носеле облека од „Зара“

пред 2 години

Поради сомневање за шуга, Санитарната инспекција ќе ја проверува гардеробата во продавницата „Зара“ во Црна Гора, потврдила директорката на Управата за инспекциски работи, Ана Вујошевиќ.

Како што дознава црногорска „Побједа“, некои граѓани се сомневаат дека од таа продавница добиле шуга, а велат дека откако ја носеле облеката на „Зара“ им се појавил осип на стомакот или грбот.

Неофицијално за овој црногорски медиуми од Институтот за јавно здравје на Црна Гора, потврдиле дека имало случаи на шуга, но дека бројката не е невообичаена.

Оваа заразна болест вообичаено се пренесува со продолжен директен контакт со кожата на заразено лице или со користење на иста постелнина, облека или долна облека со заразено лице.

Share
Scroll to Top