Наоми Кембел ја обвинија за фотошоп

Наоми Кембел ја обвинија за фотошоп

пред 2 години

Супермоделот Наоми Кембел (52) се соочи со критики за објавување серија монтирани фотографии од Оскарите. На забавата на Vanity Fair се појави во крем фустан, а фановите брзо забележаа дека фотографиите на „Инстаграм“ се многу поразлични од оние на црвениот тепих.

На првата фотографија главата и носот на Кембел изгледаат многу помали и непропорционални со телото. Вилицата и изгледаше малку искривена кај брадата, а кожата и беше измазнета и осветлена.

Уредувањето на сликата изненади многумина кои ја замолија да ги објави оригиналните фотографии.

„Господ нека ни е на помош ако дури и Наоми мисли дека и треба фотошоп. Таа е беспрекорна таква каква што е. Нема потреба од промени. Не сака да го прифати фактот дека старее“, беа некои од критичарите, а имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана и акцентот го ставија на нејзината кариера.

„Претпоставувам дека тоа се случува кога целиот живот се врти околу твојот изглед, а таа е навикната професионалните фотографии да бидат фотошопирани. Британската убавица е една од најбараните манекенки во последните четири децении, доминирајќи на модните писти и ги красеше насловните страници на речиси секое списание за висока мода“, биле тие кои ја поддржаа.

 

Share
Scroll to Top