Пејачот Зоран Рудан Цеки инспириран од новата книга на авторот Зоран Спасов Ѕоф, „Џабе живиш у Скопје“ ја објави новата песна и спот со ист наслов.
„Џабе живиш у Скопје џабе сањаш друже мој, денес не е никој со никој нит е она на истиот број“, пее Цеки кој рече дека инспирација добил од текстовите на Ѕоф.
За потсетување, книгата на Ѕоф на промоција го собра речиси цело Скопје. 600 луѓе дојдоа да ја слушнат скопската приказна, која рече дека ја напишал, затоа што тоа му го должи на Скопје.
Книгата е збирка од актуелни, изумрени и подзабораени поими, фрази, изрази, идиоми, апсурди, фазони, афоризми, синоними, топоними, акроними, криптоними. Оваа книга е вивисекција на скопските: (не)култура, историја, менталитет, хумор и јазик, но и одолжување на авторот на неговото Скопје.
Зоран Спасов-Ѕоф: Џабе живиш у Скопје, ако не го разбираш најдобриот хумор у свет