Брускетите со туна се идеални за време на постот. Може да се послужат за појадок, ручек или вечера:
Состојки:
векна исечен леб
2 конзерви туна во масло (парчиња)
100 мл кечап или 3 свежи домати
40 мл сенф
3 чешниња лук
помала главица кромид или
малку магдонос
босилек (по желба)
Подготовка:
Кромидот и лукот исчистете ги и исечкајте ги, па истурете ги во сад во кој ќе ги додадете туната (со масло), кечапот и сенфот. Сè добро измешајте, но внимавајте парчињата туната да не се претворат во каша.
Доколку не сте љубител на кечап, можете да го замените со томатело или да исечкате свежи домати и да ги измешате со туната, кромидот и сенфот.
Обложете една тепсија со хартија за печење, наредете го лебот, а на секоја кришка ставете од филот. Брускетите посипете ги со листови магдонос или додадете свежи листови босилек за поубава арома.
Печете во рерна загреана на 180 степени десетина минути, доволно долго за лебот да стане крцкав.