Порота го обвини Доналд Трамп дека и платил 130.000 долари на порно актерката Сторми Даниелс, која тврди дека имала афера со него додека тој бил во брак со Меланија. „Ова е политички прогон и мешање во избори што досега не се случило“, напиша за обвинувањето.
Аферата поврзана со Сторми Даниелс трае со години, уште од времето кога тој се уште беше претседател. Сторми Даниелс има 44 години. Нејзиното вистинско име е Стефани Клифорд, но повеќе го сака името по кое стана позната во индустријата на порно филмовите.
Родена во Батон Руж, Луизијана. Живеела со мајка и, затоа што родители се развеле. Како дете била запоставена, а имала девет години кога била сексуално злоставувана од постар маж, напишала таа во мемоарите објавени во 2018 година.
Таа била добар ученик и ги обожавала коњите. За да заработи за живот, таа прво почнала да работи како стриптизета, а потоа и како порно актерка каде што станала актерска ѕвезда, режисерка и сценарист и освоила неколку награди. На пошироката американска јавност и стана позната по врската со Трамп.
Таа го запознала за прв пат во летото 2006 година на хуманитарен голф турнир во близина на езерото Тахо, во планините Сиера, на самата граница на Калифорнија и Невада.
Даниелс добила 130.000 долари за да молчи пред изборите во 2016 година
Таа тогаш имала 27 години, а Трамп 60. Според неа, тој ја поканил на вечера во својот стан и ја сретнал во пижами, удобно потпрена на каучот. Тие потоа се вклучија во, како што таа го опиша како „најдосадниот секс во нејзиниот живот“. Трамп негира дека некогаш бил интимен со Даниелс и ја обвинува за „изнуда“ и „тотална измама“.
Она што со сигурност се знае е дека Даниелс добила 130.000 долари за нејзиниот молк во пресрет на претседателските избори во 2016 година. Исплатата е дел од истрагата на Окружниот суд на Менхетен за можни прекршувања на законите за финансирање на кампањата.