Ивана Павлаковиќ: Како мала бев жива напаст, цел ден терав муабет со другарките на баба ми

Ивана Павлаковиќ: Како мала бев жива напаст, цел ден терав муабет со другарките на баба ми

пред 2 години

Со Ивана Павлаковиќ, актерка од помладата генерација, е вистински ќеф да се зборува. Нејзината приказна, и актерската и приватната, еднакво интересни. Иако публиката ја запозна како Марија од хит-серијата „Пет плус“, Ивана зад себе има куп одиграни театарски улоги, а во моментот снима филм во Белград, на кој особено му се радува.

„Веќе го снимивме првиот дел од филмот, на што многу се гордеам“, открива актерката во разговорот за „Репортер“.

Иако не потекнува од актерско семејство, уште од мала ја засакала уметноста. Скопјанка, од Чаир, на шега вели: Чаирските финти ги чувам уште во фиока, не знаеш кога ќе затребаат.

Иако веќе не живее во Чаир, вели дека имала среќа да биде од оние деца што живееле таму и поради што стална подобар човек: Најдобрата работа од сè е што ние бевме деца што потекнуваа од разни културни заедници и се дружевме. Бевме една банда од 15 деца, бевме цел ден на улица, заедно ги славиме празниците, убаво беше тоа време“, раскажува Павлаковиќ.

Муабетџија и по телефон и вообичаено, вели дека е од оние жени што не престануваат да зборуваат.

„На времето, кога бев мала, многу сакав да седам со баба ми и нејзините другарки. Жива напаст бев. Ги слушав што зборуваат, па не можеа да ме избркаат, раат немаа од мене, како старо аро и јас со нив терав муабети. И најстрашно од сè ги издавав што зборуваат“, вели Ивана и додава: ама тогаш ми се разви она чувство за слушање приказни, кои потоа јас ги развивав во мојата глава.

Во љубов е со Мирко, со кого е веќе 3 години. За него вели дека е сјаен човек и најдобар партнер кога се подготвува за некоја улога. „Три години сме заедно и многу сум среќна. Мирко не е јавна личност, но кога подготвувам некоја улогам тој ми е спаринг-партнер за вежбање дома“, открива Павлаковиќ.

Сè уште невработена во ниеден театар вели: „Да го прашам Министерството за култура вака јавно до кога ќе нè тапка по рамо мене и моите 150 колеги, кои сè уште немаме матичен театар . Но, јас не се откажувам од идејата да истраам иако сум се довела во ситуација да кренам раце од сè“, искрена е актерката.

За приватниот живот, професијата, љубовта, детството… гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев 

Share
Scroll to Top