Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Родриго Де Пол, би можел да ја продолжи кариерата во Ливерпул, пишуваат шпанските медиуми.
Мадридскиот клуб е подготвен да се раздели со 28-годишниот играч кој стана светски шампион со Аргентина за сума од 40 милиони евра.
Актуелниот договор меѓу играчот за врска и Атлетико Мадрид има важност до летото 2026 година.
Родриго де Пол оваа сезона одигра 28 натпревари за Атлетико Мадрид, постигнувајќи два гола и четири асистенции.
Јирген Клоп смета дека тој би бил добро засилување за средниот ред на „црвените“.