Стар Бој ги обвини „2 Бонa“ дека му ги украле песните: Љубоморни сте и фејк

Стар Бој ги обвини „2 Бонa“ дека му ги украле песните: Љубоморни сте и фејк

пред 1 година

Македонскиот трап артист Ванчо, познат како Стар Бој ги обвини „2 Бонa“ дека му ги украле песните. Стар Бој живее во Париз и рече дека таму ќе ја продолжел кариерата, а за „2Бона“ објасни дека претходно имале договор и дека им понудил соработка со „Горила ТВ“ за неговите песни.

Рече дека имал готов проект од веќе три, четири песни и видеа и дека наскоро требало да објави албум со 8 траки. Марио Јелиќ – Кун и Антонио Стојановски – Тонито од „2Бона“, му побарале да им ги испрати за да ги преслушаат, а потоа заедно во нивната продукција ќе одлучеле дали ќе ги објават.

Им дал некои од песните, но рече дека сакал промоција на целиот албум. Објасни дека за брзо наишол на непрофесионалност и дека 2 Бона не се држеле до договореното.

„Не покажаа почит кон мене како артист. Очигледна е љубомората и зависта од самата моја појава како артист на сцената. Е од такви примери како вас живеам во Париз и не планирам да се вратам никогаш. Музика правам од љубов, а не за пари, реален сум во неа, максимално и брутално искрен и знам дека ви пречи, но тоа не е мој проблем. Не е ни чудно шо сцената ни е таква каква што е. Не ве мразам, супер музика правите, тоа шо сте фејк е друго“, рече Стар Бој.

За потсетување, Стар Бој досега има објавени неколку песни како Cash game, Mad и Motorsport.

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top