Дечкото ја оставил по 15 години врска, за да и се врати потрошила 28.000 евра

Дечкото ја оставил по 15 години врска, за да и се врати потрошила 28.000 евра

пред 1 година

Моделот Стејси Кларк по раскинувањето со партнерот по 15 години врска била целосно скршена. Ѕвездата на „Онлифанс“ смислила план како бившиот пак да ја засака па на себе потрошила 28.000 евра и го сменила личниот опис.

Како што изјавила за британските медиуми, манекенката воопшто не зажалила за направената трансформација бидејќи сега повеќе од кога било добива поголемо внимание од мажите. Оваа 33-годишна мајка од Свонси, вели дека подлегнала на бројни процедури по раскинувањето, вклучувајќи операција на градите, бразилско подигнување на задникот, лифтинг на лицето, фасети на забите и многу друго.

Бидејќи претходно била окупирана со работата и воспитувањето на децата, вели дека не размислувала за операциите, но раскинувањето ѝ било главен мотив за направената промена.

Model Stacey Clarke poses braless under a denim jacket

Операциите ѝ го промениле личниот опис и начинот на живот. Освен тоа, новиот изглед ѝ ја зголемил самодовербата и ѝ донел многу среќа на љубовно поле.

Инаку, Стејси порано живеела повлечено, и професионално се занимавала со фотографија, но откако станала мајка на помлада возраст, сакала да го истражи своето ново јас.

Покрај тоа што е активна на Инстаграм, таа редовно објавува провокативни фотографии и на платформата за возрасни „Онлифанс“.

Share
Scroll to Top