Вчеравечер во Охрид беше промовирана монографијата „Одисеја 2022“, приказна за неверојатниот подвиг на Марко Пејчиновски, кој преплива 250 километри долж Охридското Езеро. Марко не само што остави траен белег во историјата на Охрид и Македонија, туку тој успеа да инспирира и мотивира, и да покаже дека во животот треба секогаш да веруваме и никогаш да не се откажуваме.
Охридското Fort Cafe беше претесно да ги собере сите кои дојдоа да бидат дел од оваа вечер.
“ Ви благодарам за поддршката и продолжуваме заедно да испишуваме историја“, вели Марко.
За потсетување, Марко Пејчиновски (16), кој го привлече вниманието на јавноста неколку години кога го преплива Охридското Езеро и покрај инфарктот на нозете. Тој стана дете-херој кое боледува од ретка болест покрај која уште поревносно се соочува со предизвиците.
Кога имаше само 12 години, направи подвиг за паметење откако за околу 9 часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид, со што се запиша во спортската историја како најмладиот пливач кој ја препливал оваа делница. Лани си оствари уште еден голем сон откако го реализираше својот голем подвиг: 10 препливувања на Охридското Езеро со вкупно препливани 250 километри, со што постави личен рекорд.
Фото: Фејсбук