(Видео) Најголемата ракета на Илон Маск експлодираше неколку минути по успешното лансирање

(Видео) Најголемата ракета на Илон Маск експлодираше неколку минути по успешното лансирање

пред 2 години

Најголемата и најмоќна ракета од компанијата на Илон Маск, „Спејс Икс“, експлодираше денеска неколку минути откако беше успешно лансирана во Тексас. 120 метри долгата ракета „Старшип“, требаше да биде лансирана уште пред неколку дена, но беше одложено.

Од компанијата рекоа дека проблеми се појавиле за време на раздвојувањето на два дела, само четири минути по полетувањето. За среќа ракетата беше лансирана без човечки екипаж во неа. Немаши ни сателити. Од компанијата предупредија дека шансите за успешно испраќање на ракетата се мали.

Со овој тест од компанијата сакале да добијат повеќе податоци, без разлика на исходот од тестот.

„Како самиот пробен лет да не беше доволно возбудлив, па ракетата доживеа брзо непланирано расклопување пред одвојувањето“, рекоа од компанијата.

Маск најави дека следното пробно лансирање би можело да се случи за неколку месеци. Десет метри повисока од ракетата „сатурн“ која ги однесе луѓето на Месечината во 1969 година, „СпејсЕкс“ планира во иднина да ја користи оваа ракета за превоз на луѓе и товар на Месечината и можеби на Марс.

Share
Scroll to Top