Откако на најтрофејниот италијански клуб Јувентус му ги вратија одземените 15 бодови во италијанското првенство, голем број твитерџии почнаа да се шегуваат по социјалните мрежи, па му измислија и ново лого. Јунвентус висеше за излез на европска сцена поради казната, но откако Врховниот италијански спортски суд му ги врати бодовите, сега е на позиција за пласман во Лигата на шампиони.
За потсетување, тимот од Торино беше казнет во февруари со одземање 15 бодови поради финансиски малверзации поврзани со трансфери на свои играчи во 2021 година.