Надградбата на „Винамп“ може да се инсталира на Виндоус 11

Надградбата на „Винамп“ може да се инсталира на Виндоус 11

пред 2 години

Порано немаше „Виндоус“ компјутер на кој немаше инсталирано Винап и оваа апликација се сметаше за неопхода за пиштање музика. Со текот на годините ситуацијата се промени. Матичната компанија ги смени сопствениците, развојот на Винап стагнираше, а самата апликација ја изгуби популарноста, особено поради недостатокот на модерни опции.

Неодамна се појавија вести за нова бета верзија, со низа суптилни промени. Сега истите подобрувања пристигнуваат во форма на првото стабилно ажурирање по години, а Винап 5.9 е достапен за преземање.

Винап 5.9 не имплементира некои револуционерни промени, но една од поважните е поддршката за Виндоус 11.

Тимот, кој работи на Винап, сепак има амбициозни планови за иднината, а следното ажурирање треба да донесе повеќе промени во популарниот музички плеер. Идните промени вклучуваат поддршка за повеќе формати (opus, ogv/ogm, TS, dash/iso6, H.265, HLS, VP9 и други), додавање повеќе услуги во погледот на ml_online (Lyrics, Jamendo, Hotmix, YT, Bandcamp, Spotify и други), враќање на услугата NowPlaying и други.

Share
Scroll to Top