Ги гледавме и по неколку пати во денот, американски пилот раскажува за средба со вонземјани

Ги гледавме и по неколку пати во денот, американски пилот раскажува за средба со вонземјани

пред 2 години

Поручникот на американската војска Рајан Грејвс, додека ги опишуваше блиските средби кои ги имала неговата ескадрила со мистериозни објекти, повика на поголема свесност за проблемите со НЛО.

Бившиот пилот на морнарицата на САД, опиша како неговата ескадрила речиси секојдневно имала средби со НЛО во текот на месеците обука покрај американското крајбрежје. На моменти ризикувале и да се судар со објекти кои изгледале како коцка и се движеле со брзина од 60 метри во секунда спротивно на ветерот.

Минатата година американскиот Конгрес го одржа своето прво сослушување за НЛО во последните 50 години, а Пентагон прими 350 нови извештаи во последните две години, од кои 171 останале необјасниви.

Грејвс раксажа како неговата ескадрила VFA-11 red Rippers -2014 била стационирана на носачот USS Теодор Рузвелт, кој се подготвувал за распоредување во Персискиот залив. Пилотите биле обучувани во затворен воздушен простор наречен W-72, по крајбрежјето на Вирџинија, каде им било дозволено летање.

По надоградбата на радарите на авионите, пилотите почнале да забележуваат објекти во подрачјето каде се обучувале. Прво не им обрнувале внимание и ги заблежувале како грешки на радарот, но почнале да ги сваќаат за сериозно, откако ги забележале на системите со инфрацрвени камери за откривање топлина.

Share
Scroll to Top