(Видео) Ајкула нападна жена на Малдивите, се спаси и пак се врати во вода

(Видео) Ајкула нападна жена на Малдивите, се спаси и пак се врати во вода

пред 2 години

Кармен Кановас Сервело беше нападната од ајкула додека пливала на Малдивите. Ајкулата ја гризна за грбот и оставила лузни, но медицинската сестра по неколку минути, откако ја санираше повредата, повторно се врати да плива со неа. Кармен пливала со фотографот Ибрахим Шафиг, кој ја снимал.

Сосема случајно неколку минути пред нападот, Шафиг ја уклучил својата камера за да ја сними Кармен. На крајот го снимил нападот. За среќа ајклулата брзо ја пуштила, па Сервело излегла од водата само со гребантина по грбот, пишува британски „Сан“.

Тој ден нуркала заедно со уште десетина огромни ајкули кои слободно пливале околу нив. Наводно со нив останале во водата 45 минути. И двајцата авантуристи имале опрема за нуркање и слободно пливале со ајкули големи и до три метри.

Една од ајкулите покажала доминација и ја гризнала за рамото и горниот дел од грбот. Иако нападот се случил за момент, лузната била длабока околу шест инчи, пишуваат медиумите.

Share
Scroll to Top