(Видео) Тепачка меѓу кошаркарите на Реал Мадрид и Партизан, речиси сите играчи беа исклучени

(Видео) Тепачка меѓу кошаркарите на Реал Мадрид и Партизан, речиси сите играчи беа исклучени

пред 2 години

На минута и пол пред крајот на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Партизан, се случи тепачка меѓу кошаркарите. Нервозните кошаркари на Реал поради убедливото водство на Партизан од 95:80, предизвикаа инцидент. Серхио Љуљ го удри Кевин Пантер, по што реагираа и останатите кошаркари.

Мечот беше прекинат пред истекот на регуларните 40 минути. Судиите го гледаа видеото од сите случувања, а бидејќи сите играчи беа вмешани, физички и според правилата, немаше како да се одиграат последните 100 секунди. Само Руди Фернандес не доби исклучувачки фаул и единствен остана на клупата.

Евролига ги проследи фактите до независниот дисциплински судија на натпреварувањето, кој ќе донесе одлука за инцидентите на теренот во следните 24 часа во согласност со утврдената процедура.

Наводно Шпанците сметаат дека сите играчи на Партизан биле исклучени, додека кај нив не, па затоа тие требало да го добијат натпреварот.

Секој играч кој влета на терен во тепачката автоматски доби исклучување. Како и секој член на петорката кој учествуваше во тепачката. На сајтот на Евролигата наведени се казните кои ги дале судиите, а сугерираат дека Реал Мадрид нема основа да се жали.

Зек Ледеј не е исклучен во Партизан, а од друга страна некако тоа успеал да го избегне Серхио Љуљ кој ја започна тепачката. Исто како и Полари кој ја напушти играта поради пет лични грешки.

Сите овие одлуки се донесени откако судиите по мечот повеќе пати ги прегледале снимките.

Share
Scroll to Top