Македонскиот фудбалер Горан Пандев влезе во легендите на Интер. Тој пред дербито со Лацио го доби неговиот дрес со бројот 27 кој го носеше во овој тим во 2009/2010-та кога Интер освои шампоионска титула, купот и Лига шампиони.
Пандев играше за двата клуба во текот на неговата кариера, а доби овации од фановите на „Џузепе Меаца“.
„Враќањето во Милано ми разбуди многу емоции, стадионот е прекрасен и да се заигра на него е остварување на сонот. Среќен сум што се вратив тука и се надевам на добар меч за Интер. Се надевам дека Интер и со два добри натпревари против Милан ќе обезбеди финале во Лигата на шампионите“, изјави Пандев.
Пандев со Интер освои шест трофеи и одигра 69 натпревари.
LEGEND: Goran Pandev 🇲🇰#InterLazio @Inter_en pic.twitter.com/ocbcRQGwru
— Lega Serie A (@SerieA_EN) April 30, 2023