Театарската претстава на Театар Комедија ,,Жени во Собрание” во режија на Ќендрим Ријани, вечерва во Битола го отвора 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, чиј домаќин и организатор е националната установа Центар за култура Битола.
На фестивалските сцени публиката ќе погледне монодрами со актери од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Северна Македонија.
Свеченото отворање ќе се одржи на сцената „Благој Стефановски-Баге“, во битолскиот театар.