Лијам Пејн, пејачот на познатиот бенд One Direction е на чекор од победа и решавање на проблемот со порокот. Тој во едно од неговите нови интервјуа изјави дека е трезен повеќе од 100 дена.
„Се чувствувам неверојатно. Се чувствувам навистина, навистина добро. Поддршката од фановите ми помогна. Многу сум среќен“, додал Пејн.
Пејачот беше склон кон алкохолот и се бореше со овој порок. Во 2019 година изјавил почнал да пие алкохол како резултат на неговата слава, откако бендот се формираше по успехот на шоуто „Икс фактор“.
Освен што е трезен, Лијам е возбуден што ќе и се врати на музиката.
„Овој пат дефинитивно сакам да одам на турнеја. Навистина сум возбуден што ќе се вратам на тој пат и ќе ги видам сите фанови“, заклучил Пејн.