Еден од советите за слабеење е во кафето да се додаде сок од лимон. Сокот од лимон во кафето би требало да помогне во отстранувањето на масните наслаги, но и да го намали ризикот од дијабетес. Иако комбинацијата на овие две состојки не е многу вкусна, таа стана исклучително популарна поради едноставното приготвување и достапноста на овие намирници.
За оваа комбинација се вели дека е и добар афродизијак, но нутриционистите истакнуваат дека не постои научен доказ што ќе покаже дека овој пијалак има такви придобивки.
– Кафето и лимонот се богати извори на антиоксиданси. Меѓутоа, нема значајни докази што сугерираат дека додавањето лимон во кафето нуди дополнителни здравствени придобивки, освен зголемувањето на внесувањето антиоксиданси – вели нутриционистката Кристал Скот.
Идејата дека овие две состојки во комбинација имаат различни придобивки доаѓа од фактот дека пиењето црно кафе и лимонада без додаден шеќер всушност ги стимулираат цревата. Покрај тоа, кафето содржи кофеин, кој го стимулира нервниот систем и ни дава енергија, а лимонот е богат со витамини и често се користи како природен лек, особено за настинки и грип.