Концерт на Тони Китановски со 7 музичари вечерва во Куршумли ан

Концерт на Тони Китановски со 7 музичари вечерва во Куршумли ан

пред 3 години

Џез гитаристот Тони Китановски вечерва ќе одржи концерт во Куршумли ан, со музичарите Асад Рашид, Техемана Скендеровска, Добрила Грашеска, Али Рашид, Виктор Филиповски, Хустреф Саид, Вилхен Мемедов.

Концертот ќе започне во 20 часот и ќе биде фузија на музика на светот со џез елементи, а го организира „Баги комуникации“.

Тој ќе биде во рамки на проектот „Музиката зборува на сите јазици – 30 години мултикултура“, во чест на 30-годишнината од независноста на државата.

Организаторот најави дека ќе бидат запазени сите мерки и протоколи за безбедност на публиката и поради тоа, билетите по цена од 200 денари, се во ограничен број.

Share
Scroll to Top