Зошто пееш на бугарски кога си Македонец, Саша Поповиќ за малку ќе го дисквалификуваше Дарко Ѓорѓески

Зошто пееш на бугарски кога си Македонец, Саша Поповиќ за малку ќе го дисквалификуваше Дарко Ѓорѓески

пред 1 година

Првиот човек на „Гранд“, Сашо Поповиќ за малку ќе го дисквалификуваше македонскиот пејач Дарко Ѓорѓески од „Ѕвездите на Гранд“, откако тој настапи со песната „Сен Тропе“ од бугарскиот пејач Азис.

Дарко кој има гостиварско потекло, а денес живее во Грац во Австрија, прво ја испеа баладата „Тајно моја“ од Тоше Проески, а потоа почна да пее на бугарски.

„Што си ти по националност? Ако си Македонец зошто пееш на бугарски? Ова е дисквалификација затоа што го прекрши правилото“, рече Поповиќ, по што реагираа и другите членови од жирито во „Гранд“. Тие се спротиставија објаснувајќи дека на Балканот сите сме слични и се разбираме.

„Ја поддржувам идејата тука да се пее на сите балкански јазици. Кај мене на Милиграм ми гостува Азис со една интересна песна, но тој инсистираше да пее на српски. Тоа го поддржувам“, рече Милиќ.

За потсетување, Дарко кој беше од тимот на Цеца во последната емисија настапи во дуел со Амна Јусиќ од тимот на Марија Шерифовиќ и двајцата се пласираа во следниот, седми круг.

Share
Scroll to Top