Од НАСА открија уште едно место во Сончевиот систем каде има можност за живот

Од НАСА открија уште едно место во Сончевиот систем каде има можност за живот

пред 10 месеци

Научниците од „НАСА“ открија уште една место во Сончевиот систем каде има можност за живот. Месечината на Сатурн, Енцелад, со години ги интригира експертите, кои велат дека под нејзината густа ледена површина се крие огромен океан. Ова тело содржи форма на фосфор, кој е суштински елемент за животот каков што го познаваме, пренесе „Вашингтон пост“.

Тоа значи дека на ова место се крие единствениот океан надвор од Земјата, кој ги содржи сите шест елементи неопходни за живот. Откритието на растворен натриум фосфат, објавено во списанието Nature, го прави Енцелад уште поинтригантен во потрагата по светови погодни за живот надвор од Земјата.

Изештајот на „НАСА“ се заснова на податоците од инструментот на вселенското летало „Касини“, што го истражува Сатурн и неговите месечини.

„Откривме подземен океан кој би можел да биде најпогодно место за живеење во Сончевиот систем“,, рече главниот автор на извештајот Френк Постберг.

Френк кој е професор на Слободниот универзитет во Берлин, рече дека тоа не значи дека на Енцелад постои живот, туку дека го има она што научниците го нарекуваат „океан со сода“, газиран, шампански и солен. Вкусот може да биде како на сапуница.

Френк сугерира дека океанот е скриен под густ мраз, но замрзнатите честички мигрираат низ пукнатините на мразот и пукаат во вселената. Овие облици понекогаш се нарекуваат гејзери, но Френк рече дека не го сака тој термин бидејќи се однесувал на ерпуции на течна вода.

Откривањето на фосфорот бараше години на анализа на податоците за честичките што го погодија инструментот на вселенското летало Касини додека поминувале покрај ледената Месечина.

За потсетување, фосфорот е еден од шесте елементи, меѓу кои јаглерод, водород, азот, кислород, фосфор и сулфур, кои заедно со водата и енергијата ја формираат основата за биохемијата на Земјата.

Неопходен е за структурата на ДНК и РНК и за преносот на енергијата во клетките. Бидејќи е релативно редок, се смета за исклучитлено важен за животот, вели Постберг.

Тој додаде дека овој елемент го има во изобилство во океанот Енцелад. И покрај големата оддалеченост од Сонцето, ледените месечини кои орбитираат околу Јупитер и Сатурн, би можеле да имаат течни океани бидејќи добиваат енергија од гравитацијата. Карпестата месечина на Јупитер, Јо, е покриена со вулкани и е пример за овој феномен.

 

Share
Scroll to Top