Милан го отпуштија легендарниот Малдини откако тој барал отказ за Пиоли и нови засилувања

Милан го отпуштија легендарниот Малдини откако тој барал отказ за Пиоли и нови засилувања

пред 1 година

Милан и официјално потврдија дека Паоло Малдини си заминува од позицијата на директор во клубот, откако според италијанските медиуми ја загубил битката за контрола и за одлучување за насоката во која ќе се движи клубот, добивајќи отказ од американскиот сопственик Џери Кардинале.

„АЦ Милан објавува дека Паоло Малдини завршува со својата улога во клубот од 5 јуни 2023 година. Му благодариме за годините служба во клубот, помагајќи клубот да се врати во Лигата на шампиони и да се освои скудетото во 2021/22. Неговите обврски ќе бидат извршувани од тим кој ќе работи со првиот тимски менаџер и со генералниот директор на клубот“, се вели во објавата на клубот.

Малдини, како и неговиот татко Чезаре Малдини, е легенда на „росонерите“, поминувајќи ја својата блескава кариера во клубот, пред во 2018 година да биде убеден да се врати во клубот како директор. Позицијата на неговиот помошник и близок пријател Фредерик „Рики“ Масара исто така е неизвесна.

Според италијанските медиуми проблемот настанал во понеделникот, кога имало состанок на кој се дискутирало за стратегијата и планирањето за нова сезона, по што веднаш почнаа шпекулциите дека односите на Малдини со газдата Кардинале станале неодржливи. „Спортиталија“ тврди дека главната тема биле засилувањата на клубот, кои Малдини јавно ги бараше, но и иднината на тренерот Стефано Пиоли, кој ја имал целата поддршка на Кардинале, но не и на Малдини. Ова е необична завршница, бидејќи токму Малдини и тогашниот соработник Звонимир Бобан му дадоа поддршка на Пиоли по плановите за негов отказ и носење на Ралф Рангник.

Share
Scroll to Top