Пешачење, салати и лимонада со ѓумбир е тајната на турската актерка Бергузар Корелза добар изглед

Пешачење, салати и лимонада со ѓумбир е тајната на турската актерка Бергузар Корелза добар изглед

пред 1 година

Турската актерка Бергузар Корел, позната како Шехерезад откирва трик како ја одржува нејзината фит форма и покрај тоа што таа има 40 години и три деца.

Тајната за нејзиниот успех е во физичката активност, но признава и дека има денови кога е премногу мрзелива за да тренира. Тогаш тренингот го заменува со пешачење.

„Тогаш морам да пешачам најмалку шест километри“, изјавила актерката.

Корел инаку има личен тренер кој и помага да ја одржува фигурата, но исто така внимава на исхраната. Пие најмалку литар и половина вода дневно и јаде само органска храна. Нејзиното мени е богато со мешунки и храна богата со протеини, а за доза јаглехидрати пконсумира ориз.

Корал во 2016 година за улогата во филмот „Ти си моја татковина“ мораше да ослабе неколку килограми па имала посебен режим на исхрана. Бергузар осмислила специјална диета со која по еден месец таа ослабела седум килограми. Таа диетата заедно ја применувала со нејзиот сопруг Халит Ергенч кој исто така имал улога во серијата. За разлика од неговата сопруга тој ослабел 14 килограми.

Во тоа време медиумите пишуваа дека Халит на сетот јадел ѓумбир, јаболка, моркови, цвекло, сиров спанаќ и целер. Често консумирал супа од тиква и салата од киноа, а пиел лимонада или сок од житарки. За уживање, двојката консумирала здрави грицки како што се крекери од бадеми и ленено семе или индиски ореви, путер од какао и бадеми, а се почестувале со слатки само во ретки прилики.

Share
Scroll to Top