Македонска свадба со хрватски сватови среде Скопје: се ожени Давид Темелков со хрватската водителката Елена Јунг

Македонска свадба со хрватски сватови среде Скопје: се ожени Давид Темелков со хрватската водителката Елена Јунг

пред 1 година

Поп-пејачот Давид Темелков направи свадба во Скопје со неговата сопруга Елена Јунг инаку позната хрватска водителка од Истра.

Парот прво се венчал во црквата Св. Богородица во Скопје, каде направиле неколку свадбени фотографии додека во рацете држат бели гулаби. А потоа хрватските и македонските сватови заминале во ресторан, каде ги забавувала групата Анета Молика.

За првиот танц Давид и Елена одбрале хрватска песна, а потоа Давид ја отпеа „Илузија“ од Тоше со што и ја посвети на неговата сопруга.

Атмосферата се загреала кога Давид го зел микрофонот во рака па ја запеал „Ја немам више разлога да волим“ во дует заедно со Анета.

Неодамна парот даде интервју за магазинот „Глорија“ каде тогаш откри дека планираат голема свадба во Македонија.

Иако во план биле две свадби, сепак на крај двојката се одлучила да направи свадба во Македонија. Венчаницата на Елена и била купена уште пред пет месеци.

„Се договоривме нашата свадба да ги обедини Хрватска и Македонија и нашите традиции. На почетокот планот беше едната свадба во Истра, а другата во Македонија, но на крајот сите се договоривме дека ќе биде во Македонија и тоа не беше моја иницијатива, туку од страна на невестата“, откри Давид во интервјуто.

Елена додава дека гостите од Хрватска ќе останат една недела и иако било во план 20 гости, на свадбата ќе дојдат 80.

Нивната љубовна приказна започна во 2015 година, на концертот на Тони Цетински во арената во Пула. Елена, која тогаш беше Мис Истра, по убедување на пријателката отишла на афтер-забава, каде Давор Гариќ ја запознал со Давид. Оттогаш почнала љубовта на релација Хрватска-Македонија, секојдневни патувања, истечени пасоши, љубов на далечина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share
Scroll to Top