(Виедо) Теа Таировиќ со спектакл го крена Белград на нозе: Носев икона под градите за среќа

(Виедо) Теа Таировиќ со спектакл го крена Белград на нозе: Носев икона под градите за среќа

пред 1 година

Српската пејачка  Теа Таировиќ имаше спектакуларен концерт пред преполниот Ташмајдан во Белград. Таа пееше пред 10 илјади луѓе, а оние кои биле велат  приредила настап за паметење. Концертот траеше речиси три часа, а настапија голем број танчери, проследени со визуелна и пиротехника. Теа ги пееше сите нејзини хитови кои, а публиката наизуст ги занеше сите песни, пренесуваат српските медиуми.

„Ова е остварување на сонот. Тој адреналин кога ќе застанете пред 10.000 луѓе не може да му се опише на некој што не го доживеал. Подготовките беа многу заморни. Тешко е, напорно, стресно, но мислам дека вреди. Концертот му го посветив на семејството – возбудено им кажа Теа на новинарите, а потоа откри дали имала ритуал пред да излезе на сцената. „ Немам ритуал пред настап, единствено е што секогаш носам една икона под костимот, една под градите“, вели таа и додава : Мајка ми ми рече да бидам мирна и концентрирана, дека ме сака и се гордее со мене. Благодарам на семејството што веруваше во мене, на пријателите и на колегите.

Share
Scroll to Top