Атлетичарот Андреас Трајковски освои прво место на Европското екипно првенство

Атлетичарот Андреас Трајковски освои прво место на Европското екипно првенство

пред 1 година

Македонскиот атлетичар, Андреас Трајковски на Европското екипно првенство во трета дивизија кое се одржува во Силесиа, Полска, го освои првото место во скок во далечина.

Трајковски направи скок од 7.73 метри кој е за 6 сантиметри пократок од неговиот државен рекорд кој го постигна на митингот во Калитеа во Грција годинава.

Скокот од 7.73 метри, го направи од втор обид. Во првата серија доскокна 7.47 метри, вториот и третиот обид му беа неуспешни, додека во последните две серии оствари резултати од 7.25 и 7.49 метри.

Со првото место Андреас освои максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија. Овие бодови ќе влезат во генералното бодување на сите држави учеснички во оваа дивизија.

Покрај Андреас Трајковски, на пиедесталот се најдоа Ишаи Ифраимов од Израел, кој го освои второто место со скок од 7.70 метри, и Мухамет Кангели од Албанија со скок од 7.36 метри на третата позиција.

За потсетување, Андреас настапи во дисциплината на 100 метри, каде истрча за време од 10.81 секунди и го освои петтото место.

Share
Scroll to Top