Емили Ратајковски како секси балерина на шоу за познат бренд во Париз

Емили Ратајковски како секси балерина на шоу за познат бренд во Париз

пред 10 месеци

Ревијата на брендот Jacquemus на модната недела во Париз ги собра познатите ѕвезди кои за таа пригода носеа впечатливи бели комбинации. Манекенката Емили Ратајковски, ги покажа градите во минијатурен градник, додека манекенките Кендал Џенер и Тина Кунаки ги покажаа голите бутови и долгите нозе.

Многумина коментираа дека овие дами изгледаат како да одат во ноќен клуб, а остар контраст со нив беше актерката Ева Лонгорија, која одбрала конзервативно, но сензационално предимензионирано бело одело.

На ревијата во Версајската палата се појавиле и Дејвид и Викторија Бекам. Една од гостите била и актерката Моника Белучи.

А главната сензација на модната писта била Џиџи Хадид. Францускиот дизајнер Симон Порт Жакем ја вработил минатата година, а неговите креации тогаш ги носела и неговата сестра Бела.

Новата колекција на брендот Jacquemus е инспирирана од покојната принцеза Дијана, па така Кендал Џенер на модната ревија носела ѓердан што неодоливо потсетува на едно од омилените парчиња накит на Лејди Ди, нејзиниот ѓердан од три прамени бисери и сафири.

Share
Scroll to Top