Луксузниот часовник на Тито што беше украден во Србија е пронајден во Хонгконг

Луксузниот часовник на Тито што беше украден во Србија е пронајден во Хонгконг

пред 2 години

Луксузниот часовник на Тито што беше украден пред десет години во Србија, е пронајден на аукција во Хонгконг. Часовникот исчезна од Музејот на Југославија за време на изложбата на часовници што Тито ги добил на подарок или ги купил за својата колекција. Аукцијата во Хонгконг беше прекината откако директорката на Музејот на Југославија, Неда Кнежевиќ, објави дека се работи за украден часовник што му припаѓал на некогашниот југословенски претседател.

Српската министерка за култура, Маја Гојковиќ, соопшти дека се пронајдени и други украдени уметнички дела, меѓу кои брош и часовникот „Патек Филип“, кои му припаѓале на Јосип Броз Тито.

„Вредноста на украдените артефакти од Србија на црниот пазар на уметност е околу половина милион евра“, вели министерката.

Гојковиќ откри дека се уште се трага и по златна чанта, околу која во 2019 година изби голема афера во Србјка. Чантата датира од крајот на 19 век, а со неа исчезнале белезици, часовници, синџири и прстени.

Неодамна во Цирих е пронајдена и слика која исчезнала пред 20 години, пренесува „Блиц“.

Share
Scroll to Top