Музичарот Христијан Тасковски – Таско и неговата сопруга Наташа денес за првпат станаа родители. Тие го добија синот Лукијан, а убавата вест ја објави пејачот кој рече дека го добиле синот Лукијан.
„Фала ти Господе за овој прекрасен благослов“, објави Таско.
За потсетување, Таско и Наташа се венчаа во април и направија свадбена веселба на која славеа со тапани, трубачи, и со многу јавни личности, а потоа направија и забава на која го открија полот на бебето.