Кевин Костнер, актер, режисер, оскаровец, од неодамна и разведен маж, повторно се најде во неволја поради барањата на неговата бивша сопруга Кристин Баумгартнер.
Веќе месец дена се бори за поделба на имотот. Кристин, прво му ја зема куќата вредна 145 милиони долари, а сега му побарала и месечна поддршка, од четврт милион долари месечно.
Двојката има три деца, синовите Кејден, 16, Хејс, 14 и ќерката Грејс, 13, а Кевин, според барањето на Кристин, треба да продолжи да плаќа за нивното здравствено осигурување, школарина во приватно училиште и воннаставни активности.
„Барањето за алиментација можеби изгледа високо, но нејзиното барање е во согласност со калифорниското право и судската пракса“, рече адвокатот на поранешната дизајнерка.
Таа во тужбата до Костнер, навела дека сумата од 248.000 долари месечно е за децата да имаат барем приближно стандард кој го има нивниот татко.