(Видео) Водителка во емисија дозна дека изгубила член во семејството, но остана професионалец и продолжи со снимање

(Видео) Водителка во емисија дозна дека изгубила член во семејството, но остана професионалец и продолжи со снимање

пред 1 година

Водителката Јована Јеремин во емисијата „Ново викенд утро“, дозна дека починал дедо ѝ. Додека разговараше со гостите во студиото ѝ стигна порака по која дозна за трагичната вест.

„Се извинувам, но штотуку ми јавија дека починал дедо ми. Баш неочекуван ден. Мое сочувство, продолжуваме понатаму“, рече Јована и продолжи со емисијата. Таа се огласи откако сите ја пофалија за професионалноста и начинот на кој се справи со ситуацијата.

„Јас сум пред се голем професионалец. Не ги покажувам емоциите низ солзи, туку низ мојот глас, што можеше и да се слушне. Бев многу врзана за мојот дедо. Доста од времето го минав со него во Ваљево. Имаше преку 92 години и беше здрав. Дај боже и јас да ги доживеам неговите години“, рече Јована.

Водителката додаде и дека се работело за таткото на мајка ѝ.

Share
Scroll to Top