Илон Маск започна интересна преписка со Марк Цукерберг на Твитер.
Сопственикот на Твитер, Илон Маск, започна расправија со шефот на Фејсбук, Марк Цукерберг, исмевајќи ја неговата компанија Мета, која се обидува да лансира платформа за „микро-блогирање“ за да му се спротивстави на Твитер.
„Сигурен сум дека Земјата едвај чека да биде само под палецот на Цукерберг без други опции“, напиша Маск на Твитер, пренесува Политико.
I’m up for a cage match if he is lol
— Elon Musk (@elonmusk) June 21, 2023
Тој додаде дека е за „борба во кафез“ со сопственикот на Фејсбук, „ако и тој е за тоа“.
Цукерберг наводно одговорил на Инстаграм, пишувајќи: „Испрати ми ја локацијата“.
I have this great move that I call “The Walrus”, where I just lie on top of my opponent & do nothing
— Elon Musk (@elonmusk) June 22, 2023
Преписката продолжи, а Маск ја објави локацијата – Vegas Octagon и напомена дека има и посебен потег „The Walrus“.
„Само лежам врз противникот и не правам ништо“, напиша Маск.