Марио Мицковски освои бронзен медал на Специјалните олимписки игри што се одржуваат во Берлин. Мицковски го освои третото место во 100 метри пливање слободен стил.
„Честитки за нашиот атлет Марио Мицковски и тренерот Игор Димовски за постигнатиот успех. Преку спортот демонстрираме како со поддршка, пријателство и дружење заедно сме непобедливи“, соопштија од Специјалната олимпијада на Македонија на својата фејсбук страна.
Претходно, на Специјалната олимпијада, Агрон Хајредини освои златен медал во дисциплината „скок во далечина“, а во категоријата 100 метри грбно сребрен медал освои Стефан Трпковски.