Српската пејачка Теодора Џехверовиќ имаше настап на фестивалот „Београд мјузик вик“. Пејчката и покрај дождот направила атмосфера за паметење.
Публиката ги пеела нејзините хитови, а Теодора очигледно долго се подготвувала за овој настап, па ангажирала десетици танчери, вложила многу во сценографијата, а на сцената во еден момент имало дури и тенк.
Пејачката неодамна ја објави песната „Летна авантура“ со македонскиот изведувач Пајак, која на Јутјуб има над 3,5 милиони прегледи.