Блиски пријатели на уметникот Михаил Корубин и пејачката Каролина Гочева, вчеравечер во Чифте амам беа дел од неговата самостојна изложба насловена „Визуелна артикулација“.
Пејачката Тамара Тодевска, диџејот Зоки Бејбе, топ моделот Катарина Ивановска и други јавни личности му дојдоа на Корубин на изложба.
Каролина Гочева беше во друштво на нејзината мајка. Таа во јавноста ретко зборува за семејството, но во интервју за Репортер си ја отвори душата па раскажа дека нејзините родители повеќе од 20 години не живеат заедно, но и денес се големи пријатели. „Кога се разведуваа тоа го направија да не забележиме јас и сестра ми. Тие денес се во одлични односи. Заедно сме за празници, родендени и таков цивилизиран однос меѓу разделените родители мислам дека е најдоброто нешто за децата. Татко ми е човек што не сака да го има на социјалните мрежи, ама кога сме заедно, на нашите ручеци или собири, секогаш гласно дебатираме и зборуваме за сè“, открива Гочева.
Поп-пејачката Каролина Гочева во брак е со Михаил 6 години. Вели дека е среќна. За фотогрфаијата која тој и ја нацрта за каверот на албумот „Извор“ вели : „Моја желба и идеја беше Михо да ме нацрта, но не знаев дали ќе прифати“, изјави Каролина за Репортер.
Изложбата на Михаил Корубин е дел од овогодишното издание на „Скопско лето“, и ќе трае до 4 јули 2023.












