Торонто деновиве ќе избира градоначалник, а кучето Моли е еден од кандидатите, пренесе „Би-би-си“. Станува збор за шестгодишната хаска чиј сопственик Тоби Хипс ја кандидирал со ветување дека зимава ќе го спречи фрлањето на сол низ градските патишта.
Хипс вели дека прекумерното фрлање на сол е штетно за кучињата со чувствителни шепи, како што е Моли. Нуди решение и за недостапноста на становите за сите, зголемување на донациите за компаниите вредни милијарди долари и забрана за греење со фосилни горива во новите домови и деловни згради.
Ако победи, тој вели дека ќе ја направи Моли првиот почесен градоначалник на градот.
„Мислам дека градското собрание ќе донесе подобри одлуки ако во просториите постојано има животно“, изјави тој за „Би-би-си“. Но, покрај тоа што сака промени, Хипс вели дека овие избори се можност што не може да си дозволи да ја пропушти.
На гласачките ливчиња ќе има 102 имиња, а меѓу нив ќе биде напишано и името на Моли. Изборите во Торонто беа распишани по оставката на Џон Тори.