Кралот Чарлс ја избрка од Бекингемската плата саканата асистентка на кралицата Елизабета

Кралот Чарлс ја избрка од Бекингемската плата саканата асистентка на кралицата Елизабета

пред 1 година

Кралот Чарлс Трети ја исфрли од кралскиот двор Анџела Кели, омилената асистентка на неговата мајка, британската кралица Елизабета, пишуваат британските медиуми. Иако Анџела која почнала да работи за кралицата како гардероберка во 1994 година, верувала дека новиот владетел ќе и дозволи да живее во куќа во домот Виндзор, тоа не се случи.

Наместо тоа, Чарлс ја испратил жената која уживала во апсолутната доверба на неговата мајка далеку од дворот и сега таа живее на речиси 300 километри подалеку, на семејниот имот Виндсдор во областа Пик во северозападна Англија.

„Со овој потег, кралот направи се за да ја спречи Анџела Кели да ја напише својата трета книга заснована на богатото искуство кое го стекна тесно работејќи со покојната кралица. Нејзината тема требаше да биде прилично бенигна – доживотната љубов на Елизабета кон коргите – но Чарлс очигледно имаше причина да биде претпазлив. Затоа што Анџела видела, слушнала и знаела многу за динамиката на односите во најпознатото семејство во светот. Таа, наводно, веќе го имала благословот на кралицата да ја напише оваа книга, која сакала да и се заблагодари за нејзината верна служба на круната и да и обезбеди мирна старост. Кралот сега и ги расипа тие планови“, пренесуваат британските медиуми.

 

Share
Scroll to Top