Голманот на Македонија, Столе Димитриевски на лето би можел да го напушти шпанскиот клуб Рајо Валјекано. Иако има важечки договор до 30 јуни наредната година, сепак Димитриевски најверојатно уште ова лето ќе си замине од шпанскиот клуб.
Челниците на клубот едно време размислуваа за да му го продолжат договорот, но, сепак на крајот се одлучија да донесат ново име, а како потенцијален кандидат се споменува голманот на Лацио Луис Максимилијано. За потсетување, Димитриевски во Рајо Валјекано е од 2018 година, а за него беше заинтересиран и шпанскиот клуб Реал Мадрид.