(Фото) Џамбазов лут на пироманите: Штом толку сакаш оган, во оган ќе завршиш

(Фото) Џамбазов лут на пироманите: Штом толку сакаш оган, во оган ќе завршиш

пред 3 години

Изминатиот период Македонија ја зафатија големи пожари, а по тој повод се јави и актерот и шоумен Игор Џамбазов, кој со фотографија од популарната серија „Волшебното самарче“ им испрати порака на оние кои ги подметнуваат.

„Кој си ти што ги пали шумите? Кој и да си, аир да не видиш. Штом толку сакаш оган, во оган и ќе завршиш. Пеколот ќе ти биде дом“, им напиша Џамбазов.

Тој во серијата го глумеше ликот на Трајче Дрвачрето, кое секој ден со своето магаре одше по дрва во шумата.

 

Share
Scroll to Top