Еди Рама беше добро скоцкан, ама ги утна панталоните, широки како вреќа

Еди Рама беше добро скоцкан, ама ги утна панталоните, широки како вреќа

пред 1 година

Премиерот на Албанија, Еди Рама, вечера беше во официјална посета на земјава, во рамки на неговата балканска турнеја. Тој пристигна во Македонија скоцкан во елегантно сиво одело, со малку по опуштен и широк пад. И ова беше доволна причини за Репортер да се јави повторно модната критичарка The Other Lagerfeld која го коментираше стилот на Рама.

„Еди Рама слезе од авионот во широки сиви панталони, долго сако и елек во истата сива нијанса. Одоздола носеше обична бела кошула, како и елегантни црни чевли. Светлото сина вратоврска во комбинација со потемната и ладна сива стоеше убаво. Ова е една веќе-видена, но сепак убава комбинација на бои. Една класика. Мене најмногу ми се допадна тоа што сакото беше малку подолго од стандардните модели. Мислам дека интересно изгледаше и даде еден лежерен допир на овој класичен изглед. А пак, од друга страна, премногу широките панталони беа еден голема утка според мене. Мислам дека беа премногу широки. Но, искрена да бидам ми се допаѓа идејата на вакви елегантни парчиња во секојдневно и релаксирано издание, но и тоа до некоја граница“,вели младата модна критичарка The Other Lagerfeld.

 

Share
Scroll to Top