Објавен е првиот трејлер за биографскиот филм за Боб Марли. Филмот е сниман 43 години по неговата смрт, а го режира Реиналдо Маркус Грин. Меѓу продуцентите се вдовицата на Марли, Рита и нивните деца Зиги и Седела. „Филмот ги слави животот и музиката на легендата која беше инспирирациоја за генерациите со својата порака за љубов и единство“, велат авторите на филмот.
Британскиот актер Кингсли Бен-Адир го игра славниот пејач, а Лашана Линч е неговата сопруга Рита во филмот „Боб Марли: Една љубов“. Филмот треба да излезе во јануари, следната година. Во филмот се раскажува за огромниот успех на Марли со групата „Веилерс“, а во трејлерот се опфатени обидот за атентат во 1976 и неговото враќање на сцената со концертот „Една љубов“ во Кингстон.