Овен
Имате доста креативна енергија, затоа потрудете се да ја употребите на адекватен начин. Ве очекува голема заработувачка. Чувствувате потреба да ја остварите животната цел. Послушајте го внатрешниот глас кој ви кажува кој чекор треба да го преземете.
Бик
Голема е веројатноста денес одредена личност да се обиде да ја искористи вашата љубезност, а тоа вас ужасно ќе ве изнервира. Убавата вест е што ќе и се спротивставите и ќе победите. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем.
Близнаци
Бидете внимателни и избегнувајте темпераментни реакции и расправии. Не ја префрлајте вината врз партнерот без објективно да ја погледнете ситуацијата. Ако нешто ви пречи, оладете и анализирајте ги работите пред да се впуштите во напад. Хуманоста ќе ве натера да ги искористите сите расположливи средства за да помогнете некому.
Рак
Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми.
Лав
Денес за промена овозможете си малку повеќе одмор и не се трудете работите да бидат совршени, бидејќи никој нема да го бара тоа од вас. Одложете ги задачите кои немаат краен рок и порелаксирано работете го она што ви е со висок приоритет. Одделете си време за да се погрижите за вашите финансии и да направите план за штедење.
Девица
Ако се чувствувате сентиментално и ви недостасуваат старите времиња, потрудете се да ги вратите назад. Ви треба само малку волја и желба, а денешниот ден е идеален за оживување на спомените и организација на дружбите какви што беа некогаш.
Вага
Однесувањето на соработниците ќе влијае на вашето денешно расположение и планови. Нервите ви се чувствителни. Внимавајте на исхраната. Можни се ситни неприлики коишто ќе ве успоруваат на патот кон целта.
Шкорпија
Можеби е крајно време да ја прифатите реалноста и со поголем оптимизам да гледате кон нештата и кон иднината во целина. Избегнувајте ги судирите од каков било облик. Не дозволувајте одредени нешта да ви избегаат, за кои подоцна нема да имате шанса да ги вратите во игра.
Стрелец
Доволно сте разумни за да ги одбраните своите ставови. Не преземајте ризици за да немате финансиски проблеми. Бидете искрени кон саканите. Понекогаш треба да го смените начинот на перцепција за да се заштитите. Добро ќе ви дојде психофизичка релаксација. Некој Бик ви нуди помош за совладување на препреките, прифатете ја.
Јарец
Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе кои имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва помуабетете си со својот партнер и потсетете се колку уживате во заедничките моменти. Оние кои не се во врска, имаат одлична шанса за напредок на љубовното поле.
Водолија
Пријателите нема да успеваат потполно да ве разбираат и тоа ќе ве нервира. Можни се расправии со најблиските пријатели. Во наредниот период ќе остварувате контакти со стари пријатели кои одненадеж ќе се вратат во вашиот живот.
Риби
Целосно сте позитивни, а доколку не успеете да го искористите тоа, може многу да изгубите. Што и да правите, одлично се чувствувате. За доброто расположение морате да се заблагодарите на внатрешната хармонија и сознанието дека некој ве поддржува.