Златко Јаќовски го вееше македонското знаме на врвот на светот Монт Еверест

Златко Јаќовски го вееше македонското знаме на врвот на светот Монт Еверест

пред 1 година





Македонскиот алпинист Златко Јаќовски го искачи највисокиот врв на светот Монт Еверест. Со неговата експедиција, на 19 мај годинава го развеа македонското знаме на висина од 8.848 метри. Планината ја искачи во есткремно тешки услови, за кои му беа потребни месец дена подготовка и аклиматизација.

За овој подвиг Златко доби плакаета од Агенцијата за млади и спорт, а за екстремно ризичните услови во Непал, презентираше и документиран материјал. Рече дека наредна дестинација му е Ама Даблам која ја планира за ноември годинава.

За потсетување, годинава, за време на искачувањето на Монт Еверест се случија голем број несреќи, 20 смртни случаи и имаше најмал процент на искачувања, под 40%.

 

 






Share
Scroll to Top