Агрон Хајредини од Тетово освои златен медал на Специјалната олимпијада во Берлин. Триесет и петгодишниот Хајредини кој има церебрална парализа по десетгодишни тренинзи во лоши услови првото место го освои во дисциплината скок во далечина од место.
Во неговата категорија тој бил најдобар меѓу 16-те натпреварувачи ширум светот. Во Берлин се натпреварувал и на трка од 50 метри, на која му требало многу малку за да ја освои бронзата, па завршил на четврто место.
Хајредини и други лица со посебни потреби тренираат на несоодветните спортските терени од Тетовскиот универзитет.
Македонските олимпијци на Специјалната олимпијада во Берлин освоија пет медали, од кои едно злато, две сребра и две бронзи.