(Видео) Роналдо излезе од игра, неговите Ал-Наср примија пет гола од Селта

(Видео) Роналдо излезе од игра, неговите Ал-Наср примија пет гола од Селта

пред 1 година

Селта Виго е освојувач на Трофејот Алгавре во Португалија, откако со 5:0 го совладаа саудискиот Ал-Наср на Кристијано Роналдо во првиот меч на Рафа Бенитез на клупата на шпанскиот клуб.

Роналдо го одигра првото полувреме, но откако беше повлечен од игра, Ал-Наср останаа со играч помалку по црвениот картон на Абдулела Ал-Амри во 52. минута, Селта даде пет гола. За Ал-Наср не помогна ниту дебито на Хрватот Марцело Брозовиќ, кој влезе во игра во 54. минута.

Гаел Алонсо го постигна првиот гол во 57. минута, Мигуел Родригез стрелаше во 62. и 71. минута, за Норвежанецот Јорген Ларсен да додаде два гола во 73. и 75. минута.

Share
Scroll to Top