Германскиот клуб Баерн Минхен ги започна подготовките за новата сезона со контролен меч против германскиот нисколигаш Ротах-Егерна и го победи со 27:0.
Фудбалерите на Томас Тухел не се штедеа против аматерскиот тим, осебно во првиот дел кога играа најдобрите единаесет. Серијата погодоци ја почна Мусиала во третата минута, а потоа гол даде и Гнабри.
До крајот на првото полувреме, Баерн постигна уште 16 голови. Талентираниот тинејџер Матис Тел кој има само 18 години постигна пет гола во првиот дел, исто колку што даде и Џамал Мусиала.
Во второто полувреме во игра кај Баерн влегоа 11 нови играчи, па темпото на игра опадна и беа постигнати девет голови. Во овој период најефикасен беше Марсел Сабицер со пет погодоци.