Пулишиќ веќе ја зголеми економската вредност на Милан

Пулишиќ веќе ја зголеми економската вредност на Милан

пред 1 година

Дали трансферот на Кристијан Пулишиќ од Челси во Милан ќе се покаже како исправна одлука на фудбалски план останува да се види, но една недела по трансферот, економските и маркетинг показателите зборуваат дека се работи за полн погодок.

„Росонерите“ платија 20 милони евра заа 24-годишното американско крило и му дадоа четиригодишен договор, со што тој ќе добие шанса да ја врати формата по лошата сезона 2022/23.

Но, на маркетинг поле, се работи за успех. Социјалните постови за Пулишиќ собрале 46 милиони лајкови и 17 милиони прегледи на видеа, додека продавницата на Милан забележала раст од 266 отсто во продажба од дресовите, од кои 43 отсто биле продадени во САД. 90 отсто од сите дресови со името на Пулишиќ биле продадени во САД.

Share
Scroll to Top